ELKOST International Literary Agency

  • Increase font size
  • Default font size
  • Decrease font size

JUST PUBLISHED: Alexander Chudakov's novel in Macedonia

E-mail Print PDF

Se spushta samrak vrz skalila stariMacedonian edition of Alexander Chudakov´s award-winning novel A Gloom Descends Upon the Ancient Steps released by Antolog as "Се спушта самрак врз скалила стари"


 На границата помеѓу Сибир и Казахстан е притаен еден малечок град што некој од врвот на власта го прогласил за зафрлено место погодно за прогонство на неподобните граѓани. Меѓутоа, градот, кој во романот се нарекува Чебачинск, е вистинска оаза. Tолкаво количество интелигенција на единица површина во 50-тите и во 60-тите години на минатиот век немало ниту во Москва, Париз или во Бостон. Во периодот на владеењето на Сталин, семејството на Чудаков се преселува од Москва во тоа зафрлено место, по своја волја, без да чека да биде прогонето. Неколку поколенија живеат и работат таму заедно, во едно големо сложно семејство, кое поминало сè – војни, револуции, репресии – но издржало, не се скршило и успеало од колено на колено да им пренесе на децата – вера, сила, светол разум, неверојатно душевно благородство.
Ова е, веројатно, последниот роман на векот што замина. Не е важно што се појави во овој век – според сè, припаѓа на тој страшен век што однесе милиони невини животи и не даде одговор за тоа.

Се спушта самрак врз скалила стари во 2011 година ја доби наградата „Руски Букер" за најдобар руски роман во првите десет години од XXI век.

„Неверојатна книга за тоа како под болшевичките стеги се зачувала вистинска Русија".
Андреј Немзер